Connect with us

Фудбал

Човекот кој го чинеше Евертон 1,5 милиони фунти по гол конечно го напушта клубот

Сенегалскиот напаѓач од Евертон Омар Ниасе на зима треба да го напушти Гудисон Парк, кој во јануари 2016. година стигна како големо засилување.

После одличните настапи со Локомотив Москва, Ниасе оствари голем трансфер во Евеетон кој на рускиот клуб му донесе 13,5 милиони фунти.

Меѓутоа, Ниасе испадна како едно од многубројните промашувања, затоа што за скоро три години во дресот на Евертон постигна само дест голови.

Секој негов гол го чинеше Евертон 1,5 милиони фунти, а дека Ниасе нема уште долго да се задржи на Гудисон Парк беше јасно уште кога ја доби улогата на трет напаѓач.

Како што пишуваат британските медиуми, Омар Ниасе веќе договорил трансфер во Галатасарај.

Омар Ниасе (28) веќе има настапувано во Турција, каде играше за Акшар Беледије. Тоа беше првиот европски клуб на Сенегалецот во кој стигна во 2013. година.

Ниасе со Евертон има договор до 2010. година, па клубот ќе заработи одредено обесштетување од продажбата.