Connect with us

Фудбал

Човекот кој тренирал многу ѕвезди ја откри вечната тајна за успехот на Кристијано Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид по девет години и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Јувентус.

Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти кралскиот клуб со кој освои сè што можеше. Иако на крајот имаше неколку интересни понуди, тој одлучи неговиот следен клуб да биде Јувентус, за кој дебитираше минатата недела против Киево.

Секако, најголемата цел на Јувентус оваа сезона е да ја освои Лигата на шампионите, за кој овој клуб сонува многу години. Со Роналдо во редовите, Јувентус стана стана еден од најголемите фаворити да го „турне“ Реал Мадрид од европскиот трон. Роналдо беше брилијантен во претходните три сезони на овие натпреварувања, а неговиот поранешен фитнес тренер, Џовани Маури, ја откри неговата тајна.

“Кристијано е феномен и спортист на највисоко ниво. Секогаш вежба и го дава се од себе, бидејќи едноставно сака да биде најдобар. Тоа е човек кој се враќа од натпреварот во Лигата на шампионите дома и наместо да спие како и секој друг, тој прави уште еден тренинг. Замислете , по натпреварот и летот со авионот тој доаѓа дома во раните утрински часови и тренира. Тренингот трае околу еден час и кога ќе осети дека го направил како треба, тогаш оди да спие “, рече Маури, додавајќи :

“Се разбира, здрав начин на живот е еден од клучните фактори за успех во фудбалот. Едноставно тој го слуша секој сигнал на телото и се посветува максимално. Можам да кажам дека тој е спортист кој го запозна совршенство. Него не треба фитнес тренер како мене, бидејќи самиот стана тоа. Работев со седум играчи кои имаат освоено Златната топка, но без сомнение тој е најмоќниот од сите “.