Поврзи се со нас

Фудбал

Човекот за кој многумина зборуваа дека е новиот Пеле по две години најде нов клуб

Американскиот фудбалер Фреди Аду некогаш беше голема надеж во светот на фудбалот, а многумина велеа дека тој е новиот Пеле.

Аду ги воодушеви сите со своите игри во ДЦ Јунајтед и Солт Лејк, а како тинејџер пристигна во Бенфика во 2007 година. Во тоа време тие рекоа дека тој е новиот Пеле, но тој никогаш не успеа да го докаже тоа на теренот.

По Бенфика, тој талкаше низ клубови од различни делови на светот, па дури и помина половина година во Србија, каде играше за Јагодина.

Претходните две години беше без клуб откако го напушти Лас Вегас, но овој 31-годишен играч успеа да најде нов ангажман.

Имено, Аду вчера потпиша за шведскиот нисколигаш Остерлен, со кого се согласи да соработува до крајот на сезоната. Аду се обидува да ја оживее својата кариера и останува да видиме дали конечно ќе успее.

Advertisement

Facebook

Реклама