Фудбал
Чудна одлука на Куман: Време е Меси да одмори малку
Барселона утре вечер со почеток во 21 часот му гостува на Динамо Киев во рамките од ЛШ. На овој меч освен повредениот Пике ќе го нема и Лионел Меси. Ова стана јасно по прес конференцијата на тренерот Роналд Куман, но и откако беше објавен списокот на фудбалери за овој меч. Причината е едноставна.
– Време е Меси малку да одмори, изјави Куман на прес конференцијата. Дали Куман го одмора Меси поради физички напор и густиот распоред или од други причини не се знае. Агентинецот одигра 90 минути на последниот меч против Атлетико Мадрид каде се поразени со 1:0.
Ова ќе биде тешко гостување бидејќи, освен Меси и Пике, ќе ги нема Ансу Фати, Умтити, Серхи Роберто, Бускетс, Араухо, Де Јонг. Поради тоа чуди одлуката на Куман да го одмори најдобриот во моменти кога нема да играат 6-7 стандардни играчи.
Инаку Барселона е прва во групата со максимални 9 бодови од 3 меча, Јувентус има 6, а Динамо Киев и Ференцварош по еден бод.
?️ CONVOCATORIA
✈️ #DynamoBarça
?? ¡Vamos #Culers! pic.twitter.com/hy2rb64FGt— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 23, 2020