Connect with us

Фудбал

Чудно „Ел класико“ – ниту Роналдо, ниту Меси – тренерите подготвуваат големи промени

Се ќе биде необично ако ги слушаме гласините од медиумите во Шпанија. Ова може да биде еден од најчудните „Ел класико“ натпревар во историјата.

Барселона денеска за прв пат ќе го угости Реал Мадрид во прво „Ел класико“ по она во 2007 година без Роналдо и Меси. Од тогаш најдобрите фудбалери на светот се судруваа меѓу себе  дури 31 пат. Меси постигна 16 гола, а португалецот 18.

Меси има повеќе победи, дури 17, во однос на Роналдо кој има 9. Но сега се ова е веќе затворена книга. Денеска од 16:15 не очекува голема неизвесност на овој натпревар.