Connect with us

Ракомет

Чупиќ прифати нов договор со Вардар, стигнува засилување и од Металург

Томислав Јагуруноски, од Металург, се враќа во Вардар, каде што играше како младинец. Но, тој не е најголемото засилување. Имено, според информациите Иван Чучиќ се согласил на нов договор со „црвено-црните“, а истото се очекува да го сторат Стоилов, Дибиров, Десингер, Калараш и Горбок.

Доколку овие најави се исполнат и со уште неколку нови играчи, сигурно дека Вардар ќе има добра сезона. Вреди да се спомне уште еднаш дека по заминувањето на Самсоненко, нов спонзор е Михајло Михајловски, кој практично по неколку години се Врати во Вардар.