Фудбал
Даглас Коста и официјално член на Јувентус
Баерн Минхен денеска ја направи најголема продажба во историјата на клубот.
Баварскиот гигант ја заврши продажбата на Бразилецот Даглас Коста во Јувентус, а од трансферот Баерн заработи 46 милиони евра.
„Бјанконерите“ од Торино одлучиле да го купат играчот на Баерн по навистина прекрасната сезона што ја одигра. Тие платиле 46 милиони евра, а Коста ќе стане официјално нов член на Старата дама од 1-ви јули.
Бразилецот за Јуве одигра вкупно 47 натпревари како позајмен играч. Постигна шест гола, но забележа и многу одлични асистенции со кои му помогна на Јувентус да ја освои седмата титула по ред во СеријаА.