Фудбал
„Дај гол, засади дрво“ е новата кампања која ја започнува ФК Каменица Саса
Првенствено на twitter, а сега и преку официјалната web-страна на клубот и facebook, ФК Каменица Саса ја започнува кампањата која ќе го носи мотото “Дај гол, засади дрво” и која подразбира засадување на дрво за секој постигнат гол на клубот. Општествената одговорност е едно од главните начела по кои се води клубот и истовремено како иницијатор на идејата, ФК Каменица Саса ги повикува и другите клубови да се приклучат. Како резултат на 197-те голови постигнати оваа полусезона, ФК Каменица Саса ќе засади 197 дрвца. Кампањата започнува од утре.
Во оваа прилика ФК Каменица Саса упатува благодарност до :
Рудник САСА, Македонска Каменица, ЕЛС Македонска Каменица, ЈПКД Камена Река, ШС Голак и Treebanks за поддршката во реализацијата на оваа благородна кампања.