Connect with us

Фудбал

Даку моли за прошка откако срамно ги навреди Македонците на ЕУРО

Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини откако ги навреди Македонците по мечот со Хрватска.

По завршувањето на натпреварот со Хрватска (2:2), Албанецот роден во Гњилане истрча кон трибината на која се наоѓаа навивачите на Албанија и преку мегафон водеше срамно навивање против Македонците. Некои портали објавија дека тој ги навредувал и Србите на национална основа.

По тој срамен чин, Даку набрзо се најде на удар на јавноста. Рускиот клуб Рубин, каде настапува на клупско ниво, го осуди однесувањето на својот фудбалер, а наводно била побарана и казна од УЕФА, па момчето родено во јужната српска провинција решило да се извини.

-Здраво на сите. Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите кои не поддржуваа во добри и тешки моменти за време на Европското првенство. Како и секој фудбалер и во тие моменти емоциите се на друго ниво, тоа може да се разбере само на теренот и тешко е да го објаснам чувството играње за репрезентацијата, за оние големи навивачи кои ни даваат безгранична љубов, тоа е нашето прво мото, „Албанија без граници“ во фудбалска смисла, да ги достигнеме нашите соништа. Ако навредив некого по мечот со Хрватска, барам прошка, напиша Даку на Инстаграм.

Без разлика на неговото извинување, реакцијата на УЕФА е очекувана и не би било изненадување доколку Албанецот добие посериозна казна.

Следниот дуел на ЕП, Албанија го игра против Шпанија.