Connect with us

Кошарка

Далас стигна до израмнување, Јокиќ не можеше сам

Одиграни се три нови дуели од овосезонскиот НБА плеј-оф.

На запад беа резервирани два меча.

Далас Маверикс ја совладаа Јута Џез со 110:104 во одличен кошаркарски натпревар и израмнија во серијата на 1:1. Неверојатна партија во дресот на Далас одигра Брансон кој мечот го заврши со 41 поен, осум скока и пет асистенции, додека кај Јута, Мичел имаше ефект од 34 поени, два скока и пет асистенции, а Богдановиќ постигна 25 поени.

Во вториот натпревар од Западната конференција, Голден Стејт Вориорс поведе во серијата против Денвер Нагетс со 2-0. Вориорси синоќа славеа со 126:106 на крилата на Кари кој постигна 34 поени, со три скока и четири асистенции, а му помогна и Пул со 29 поени, пет скока и осум асистенции. Кај Денвер, Никола Јокиќ повторно беше на ниво со дабл-дабл учинок од 26 поени, 11 скока и четири асистенции.

На Истокот синоќа се одигра еден плеј-оф натпревар во кој Филаделфија 76ерс поведоа со 2-0 против Торонто Репторс. Екипата на Филаделфија триумфираше во вториот натпревар со резултат 112:97. Ембилд се истакна со дабл-дабл со 31 поен и 11 скока, додека во редовите на Торонто прво име беше Аноноби со 26 поени, еден скок и три асистенции.