Connect with us

Фудбал

Далеку е Македонија од балканските клубови: Македонски репрезентативец асистент и рекордер на Динамо Загреб

Црвена Звезда и Динамо Загреб се балканските екипи кои ќе дочекаат пролет во Европа. Тимот од Србија како второпласирана екипа во групата Л во Лига Европа зад Хофенхајм, а пред Либерец и Гент. Динамо Загреб уште поголем успех забележа. Како лидер во групата К пред Волфсбергер од Австрија, Феенорд од Холандија и ЦСКА Москва од Русија.

Во победата од 2:0 на гостувањето кај Феенорд учестуваше и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Тој беше асистент при првиот гол за хрватскиот тим. Воедно вечерва Адеми пстави клупски рекорд. Стана првиот фудбалер на Динамо Загреб кој одиграл 77 меча за овој хрватски тим во европските купови.

Од друга страна Црвена Звезда одигра 0:0 на домашен терен против Хофенхајм, а оваа поделба на бодовите им донесе пласман на двата тима во следната рунда, иако има уште едно коло да се одигра.