Connect with us

Фудбал

Далеку од врвот: По бегството во Португалија, се договара сензационалниот трансфер на Роналдо

Се чини дека времето на Кристијано Роналдо помина.

Првиот тренер кој собра храброст да го испрати Роналдо на клупата беше Ралф Рангник, по што Португалецот срамно реагираше.

Роналдо тврдеше дека е целосно подготвен, а Рангник ја слушаше медицинската екипа на Манчестер Јунајтед и реши да ја остави својата „седумка“ на клупата за градското дерби против Сити.

„Треба да имам доверба во мојата медицинска екипа. Докторот дојде кај мене во петокот пред тренинг и рече дека Роналдо не може да тренира бидејќи има проблеми со колкот. Истото се случи и во саботата“, изјави германскиот тренер по поразот од 4:1.

Тоа воопшто не му се допадна на славниот португалски ас. Кога дознал дека нема да игра со Граѓаните, Роналдо го напуштил хотелот на тимот и се упатил кон Португалија.

Во понеделникот вечерта на „Олд Трафорд“ не можеа да потврдат каде се наоѓа 37-годишниот и воопшто не се знаеше дали ќе се појави на тренинг.

Некои медиуми на Островот почнаа да пишуваат дека вториот мандат на Роналдо во Јунајтед е при крај и дека веќе се договара нов трансфер, што е навистина сензационално.

Наводно Роналдо би можел да замине далеку од Европа во МЛС, што би значело автоматско збогување со врвниот фудбал и престижните индивидуални награди.

Како нов клуб се споменува Интер Мајами во сопственост на Дејвид Бекам. Англичанецот не крие дека сака да го доведе Роналдо, па евентуалното доаѓање на најпопуларниот фудбалер на денешницата на Флорида дефинитивно може да се смета за шокантно.

Како што сега стојат работите Јунајтед следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Бидејќи ова е омиленото натпреварување на Роналдо, многу е лесно да се поверува дека Португалецот повторно ќе ја промени средината.

ЦР7 верува дека се уште може да игра за елитни клубови. Тој ги разгледува опциите на ПСЖ и Реал Мадрид, но прашање е колку тие го посакуваат со оглед на неговите години. Се споменува и романтично враќање на местото од каде што започна се, во Спортинг Лисабон.