Фудбал
Дали Ал Келаифи најави „бомба“ и можно заминување на Нејмар?!
– Мојата цел во следните неколку години е само парижани да играат во нашиот клуб. Најдобрите во нашиот регион заслужуваат да играат за ПСЖ. Ова е целта, изјави Ал-Келаифи за „Le Parisien“.
Во интервју за „Паризиен“, претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи не можеше да прецизира дали Нејмар ќе остане дел од тимот и во иднина или не.
Со месеци се шпекулираше дека Пари Сен Жермен би можел да му ја отвори вратата на Нејмар за да може да го истражи пазарот и да најде нова средина. Сите очи се вперени во Килијан Мбапе, а доказ за тоа е борбата на клубот да го задржи, што уште еднаш го фрла Нејмар во сенка на соиграчот.
Од Ал Келаифи беше побарано да и каже на јавноста дали Нејмар е дел од идниот проект на парижаните, но првиот човек на клубот беше неизвесен.
„Не можеме да зборуваме за овие теми во медиумите. Некои играчи ќе дојдат, некои ќе си заминат, а за се зборуваме во приватни кругови“, изјави Ал Келаифи.