Connect with us

Фудбал

Дали Арсенал е ограбен уште на стартот од дербито со Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Денеска се игра големо дерби. Јунајтед и Арсенал на Олд Трафорд.

Започна жестоко на двете страни, а во 12. минута беше 0:1.

Одлична контра на Топџиите, одлично додавање за Мартинели и уште подобра реализација на Бразилецот.

Сепак, домашните остро се спротивставија на ова, бидејќи сметаа дека Одегард го фаулирал Ериксен.

По долгата проверка и ВАР интервенција голот беше поништен, а Микел Артета не се согласи лесно со оваа одлука.