Connect with us

Фудбал

Дали доаѓањето на Пепе Реина значи заминување на Донарума од Сан Сиро?!

Искусниот голман на Наполи, Пепе Реина, од лето ќе се пресели во редовите на Милан. Гласините се поттврдуваат и во Шпанија, финалзирање на договорот се очекува уште во Јануари.

На Реина по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Наполи, а тој веќе се договорил за трансфер на „Сан Сиро“. Тој треба да потпише двегодишен договор и да заработува 3,5 милиони евра по сезона. Милан се чини дека навреме се обезбедува за можното заминување на Џанлуиџи Донарума.

Неговиот агент Мино Раиола се обидува да го раскине неговиот актуелен договор со Милан, кој има важност до 2021 година.