Connect with us

Фудбал

Дали е можно: Роналдо го наместил Дибала со позитивен тест, за да го одложи враќањето во Торино?!

Вчера беше објавено дека Паоло Дибала по четврти пат е позитивен, иако од првиот тест поминаа 40 дена. Информацијата ја објавија шпанските медиуми. Но, денеска во аргентинските медиуми е објавен демант на тоа, од страма на девојката на Дибала која вели дека направиле тест и дека се уште ги чекаат резултатите, и негираше дека е позитвен. За нејзиниот последен тест рече дека е негативен,

Сепак, „Кориере дело Спорт“ денеска пишува дека наводно Кристијано Роналдо им ја „подметнал“ веста за наводен позитивен тест на Паоло Дибала, со цел да го одложи за уште некој ден неговото враќање во Торино.

Како што е познато Роналдо е во родната Мадеира со своето семејство, а веќе првиот рок за враќање во Торино го скокна.