Фудбал
Дали е на повидок чистка во јануари во Интер?!
Интер ги загуби сите дерби мечеви оваа сезона, од Милан, Наполи, Лацио, Јувентус…Далеку е од лидерот Наполи, дури 11 бодови. Сепак, долга е сезоната, па италијанските медиуми пишуваат дека паузата за СП која почнува кон крајот на овој месец, Интер ќе ја искористи за освежување на тимот.
Имено, во Интер веруваа дека Робин Госенс ќе биде одлично засилување на „Меаца“. Германецот, сепак, не се снајде најдобро во системот на Инзаги, а го нема статусот на првотимец. Тој официјално се уште е на позајмица од Аталанта, но веќе е активиран откуп од околу 27 милиони евра. Интер не е задоволен од неговите партии, бара нови решенија – како Борна Соса.
Хрватот се истакнува како лев бек, а може да игра и на левата страна од средниот ред. Штутгарт има финансиски проблеми и е принуден да продава, а Соса е еден од највредните играчи. За хрватскиот репрезентативец би побарале сума од 15 до 25 милиони евра, трансферот би можел да се случи веќе во јануари. Од друга страна, интерес за Госенс има од Германија. Тој е прескап за Франкфурт, но ситуацијата околу поранешниот играч на Аталанта будно ја следи Баер Леверкузен.