Connect with us

Фудбал

Дали е на повидок нов „калчополи“, истрага за мечот Интер-Јувентус од 2018-та?!

Во време кога владее пандемија со коронаворисот, главна спортска, или фудбалска вест е од Италија.

По 2006-та кога Италија ја задржа „калчополи“, дали на повидок е нов таков случај.  Италијанското обвинителство повотрно се сомнева во „матни“ натпревари.

Спорниот меч е Дерби на Италија, помеѓу Интер и Јувентус, одиграч во сезоната 2017/2018. Славеше тимот од Торино со 3:2, со што практично ја обезбеди титулата. „Калчиомеркато“ пренесува дека на удар е главниот судија Даниеле Орсато.

Тој се најде во центарот на скандалот откако не му покажа црвен картон на Миралем Пјаниќ по остриот старт над Рафиња.  Судиите од ВАР собата јавиле дека не бил прекршок за исклучување и дека нема потреба да се прегледа снимката, па Пјаниќ во 21.минута доби само жолт картон.

Претходно Матијас Весино од Интер доби директен црвен картон во 15-та минута поради опасен старт над Манџукиќ поради што до крајот на мечот Јувентус имаше играч повеќе.

Но, за што точно се работи.

Ситуацијата станува поинтересна кога ќе се дознае дека во јавноста изминатите денови се обрати Џузепе Пекораро, поранешен шеф на обвинителството на фудбалскиот сојуз на Италија.

Тој минатата година донесе одлука да поднесе оставка на функцијата, а сега тврди дека поради жестокиот притисок од сите страни судиите решиле да ја прегледаат целата ситуација поради која Пјаниќ не добил црвен картон. Проблем? Ги нема аудиозаписите од ВАР собата.

-Ги баравме аудио и видео записите помеѓу ВАР собата и судијата Орсато, но материјалот го добивме дури на почетокот на сезоната. Кога го отворивме фајлот све беше тука, само една работа која ни беше многу важна ја немаше, а тоа се разговорите помеѓу Орсато и ВАР судиите кои придонесоа до тоа Пјаниќ да остане на теренот. Причина? Ни рекоа едноставно дека тој дел го немаат. Мора да постои поголема транспарентност, вели Пекораро.

Тоа беше натпревар од 35.коло, Интер водеше со 2:1 до 87.минута, а потоа со автоголот на Шкриниар и погодокот на Игуаин, Јувентус дојде до победа од 3:2, што значеше одбрана на титулата.