Фудбал
Дали е на повидок ново „предавство“, фудбалер на Милан бесплатно во Јувентус?!
Турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу се уште не го продолжил договорот со Милан. Иако преговорите траат одамна, сепак 27-годишниот играч за врска не ставил потпис на продолжување на соработката. Со оглед на тоа дека договорот му истекува во јуни, големи се шансите да замине како слободен играч, доколку не се случи нешто во меѓувреме.
А, на такво нешто се надева Јувентус. Наводно Чалханоглу бара пет милиони евра по сезона, нето плата, Милан нуди еден милион помалку. Јувентус е подготвен да му ја исполни желбата, доколку се разбира дојде како слободен играч.