Фудбал
Дали има поскромен играч на светот? Сон постигна четири гола и му ја припиша заслугата за успехот на друг
Тотенхем синоќа го совладаа Саутемптон со 2:5.
Сон Хеунг-мин постигна четири гола на натпреварот и стана 28-от играч во историјата на Премиер лигата кој на еден натпревар постигнал четири гола.
Фудбалерот од Јужна Кореја е познат како многу скромно и дисциплинирано момче. Тоа го покажа во својата изјава по натпреварот.
Иако постигна четири гола на еден натпревар од најсилната лига во светот, тој не сакаше слава, па заслугите ги препиша на друг.
“Неверојатно е да се постигнат четири гола на натпревар во Премиерлигата. Тоа е голем дел. Јас не би постигнал четири гола ако не беше Кејн. Тој е нереален”, рече Сон.
“Тој ми даде четири асистенции и заслужува награда за играчот на натпреварот. Ние работиме заедно веќе пет сезони”, рече офанзивниот играч.
Инаку, Кејн го постигна петтиот гол на мечот, а Жозе Мурињо потврди дека Англичанецот ја заслужува наградата за играч на натпреварот.