Connect with us

Фудбал

Дали има смисла Жозе Мурињо да „плаче“ толку многу?

Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо е разочаран откако неговиот тим беше поразен како гостин во Норвешка од Бодо Глимт со 2:1 во првиот дуел од четвртфиналето на Конференциската лига.

Рома на полувреме имаше предност од 1:0. Сепак, на крајот домашните успеаја да стигнат до пресврт и до победа од 2:1 и со гол предност оди на Олимпико.

Жозе Мурињо не е задоволен од она што се случуваше на теренот. За поразот ја обвини пластичната подлога на која се играше натпреварот, а не му се допадна ниту судијата.

„Мислам дека се уште сме фаворити за да продолжиме понатаму. Повеќе сум загрижен за повредата на Манчини“, изјави Мурињо и продолжи да се „закачува“.

„Не треба да се дозволи играње на пластична подлога. Се надевам и дека ќе ни испратат добри судии бидејќи на последниот натпревар во Рим не досудиа два чисти пенали за нас“.

Ниту на вчерашниот натпревар не е премногу задоволен од судењето. Тој смета дека имало грешки во поништените голови на Рома.

„Ни досудиа два непостоечки офсајди. Примивме смешен прв гол, а вториот е резултат на деконцентрација“, изјави Мурињо.

Реваншот меѓу Рома и Бодо Глимт се игра во четврток на 14 април на стадионот „Олимпико“ во Рим од 21 часот.