Connect with us

Фудбал

Дали Италијанците подготвуваат „местенка“, дури шест тимови би можеле во Лига на шампионите, но…

Италијанската Серија А следната сезона би можела да има шест претставници во Лигата на шампионите, што би било првпат во историјата на една лига, а за тоа Аталанта треба да ја заврши сезоната на петтото место каде што е и моментално. Имено, Аталанта претходно обезбеди пласман во Лигата на шампионите (Серија А доби дополнително место по освоените бодови сезонава), а откако синоќа ја освои Лигата на Европа (победникот оди и во ЛШ), се отвори можноста дека шести клуб од Серија А ќе игра во најелитното клупско фудбалско натпреварување во Европа. На ваков расплет се надеваат во Рома која моментално е на шестото место, а за тоа клубот од Бергамо треба да остане на петтото место на крајот од сезоната. Доколку избраниците на Џан Пјеро Гасперини во поредокот ги минат Болоња или Јувентус зад кои заостануваат два бода со меч помалку на своето конто, Рома сепак ќе игра во Лига Европа.


Аталанта моментално е петта со 66 бодови, а во предност се Болоња и Јувентус со 68. Останува уште едно коло во Серија А, но најважно е дека Аталанта има натпревар помалку, кој против Фиорентина ќе го одигра дури на 2 јуни. Во последното коло од викендот Јувентус ја пречекува Монца, додека Болоња гостува кај Џенова. Аталанта покрај доцниот натпревар со Фиорентина ќе одигра и домашен натпревар против Торино. Доколку резултатите се поклопат, што е многу можно, Италијанците следната сезона ќе имаат дури шест претставници во Лигата на шампионите. За да се случи ова, Аталанта не треба да победи на еден од последните нејзини два меча.

Standings provided by Sofascore