Connect with us

Фудбал

Дали Јувентус има шампионски тим? Реми и бледа игра против Фиорентина (ВИДЕО)

Очекувавме спектакл на натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус, , но не можеме да кажеме дека беше така.

Фиорентина беше подобриот ривал во првото полувреме, Јувентус имаше проблеми да стигне до противничкиот шеснаесетник, имаше и помал посед на топка, јасно беше дека средината на теренот не е шампионската, како што многумина очекуваат од Јувентус.

По еден продор по десната страна и центаршут, Костиќ ја прими топката по левата страна, шутираше од прва, а на вистинското место беше Милик кој од само неколку метри погоди за 0:1.

Дваесет минути подоцна Фиорентина по контранапад успеа да го израмни резултатот.

Сотил брилијантно го пронајде Кваме, кој прекрасно погоди за 1:1.

До крајот на полувремето, пенал за Фиорентина, Јовиќ ги презеде работите во свои раце, шутираше, но голманот на Јувентус Перин ја закачи доволно топката за таа да се одбиe од стативата и во полето…

Во вториот дел Фиорентина сепак беше подобра, но недоволно добра за победа. Јувентус не доби шанси, напротив беше повлечен, неорганизиран во нападот, се чинеше дека има многу проблеми и Алегри ќе мора добро да се справи со средината на теренот до крајот на сезоната доколку го направи тоа.