Connect with us

Фудбал

Дали мексиканскиот хорор бил намерно испровоциран? Полицаец ја отвори вратата, навивач сведочеше за убиствата

Вистинскиот хорор се случи на мечот од мексиканското првенство меѓу Керетаро и Атлас.

Домашните навивачи среде натпревар ги нападнаа противниците, а дивите сцени од трибините набрзо беа префрлени на теренот каде се гледаа хорор сцените.

Гостинските навивачи беа брутално претепани од домашните, а многумина сметаат дека се веќе било испланирано од полицијата.

На овој начин може да се видат снимки и фотографии од теренот и од трибините на кои полициските претставници не се ни обидуваат да реагираат. Полицаец ја отвори вратата која ги делеше навивачите, а еден од нив ладен зборуваше на телефон додека траеше хаосот.

Исто така, на терен меѓу публиката е видена моторола и пиштоли, па со право се сомнева дека сето тоа е исценирано со помош на полицијата.

Еден од претепаните навивачи на Атлас тврди дека има и мртви и верува дека властите тоа го кријат.

 

Официјален епилог на хорор сцени од Мексико: 22 лица во болница, најавените казни ќе бидат најголемите досега

Сцените кои го обиколија светот се навистина ужасни. Се појавија снимки од брутално претепани навивачи, а дел од мексиканските медиуми објавија дека има и мртви.

Сепак, Цивилната заштита на државата Керетаро тврди дека засега нема извештаи за загинати. Тие рекоа дека 22 лица се повредени, девет се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба.

„Немаме пријави за загинати. 22 лица се повредени, девет се во болница, две лица се тешко повредени. Тие и понатаму се во стабилна состојба. Треба да се напомене дека сите повредени се мажи“, соопшти Цивилната заштита.

Челниците на мексиканскиот шампионат одлучија да ги прекинат денешните натпревари, што го потврди и Микел Ариола.

„Недозволиво и жално насилство. Сите одговорни за ова нарушување на безбедноста ќе бидат строго казнети и ќе бидат пример за сите други“, рече Ариола.

А видените сцени го запрепастија целиот свет. Конфликтот од трибините се прошири и на улиците, а подебелиот крај беа тие што го извлекоа навивачите на Атлас.