Connect with us

Ракомет

Дали Металург се „буди“: Договорен црногорски пивотмен

Скопски Металург сериозно се фрли на формирање на респектабилен состан кој ќе може да излезе на крај со Вардар и Еурофарм Пелистер во наредната сезона.

Откако стана јасно дека е ангажирам Миомир Рниќ, стигна инфо дека црногорскиот пивотмен Бранко Канкараш од следната сезона ќе го носи синиот дре. Тој последната сезона ја помина во Мешков Брест.

Тимот од Автокоманда последната титула ја освои во 2014-та година, а во свите витрини има вкупно шест трофеји.

Канкараш (32г., 188 см., 103 кг.) во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и белорускиот Мешков Брест (2019-2020). Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Канкараш со Металург потпиша едногодишен договор.