Connect with us

Фудбал

Дали Милан останува без Сандро Тонали!?

Вчера се појави информација дека Милан тргнал по играчот за врска Ленс и капитенот на овој тим Сек Фофана, денеска дека „росонерите“ тргнале по младиот централен играч за врска на Митјлиланд, Нигериецот Рафаел Ониедика. Причината би можела да биде продажбата на еден од лидерите на тимот, Сандро Тонали.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, челниците на Арсенал се сретнале со раководството на Милан и започнале разговори околу преселбата на играчот од средниот ред на шампионот на Италија, Сандро Тонали на „Емирати“.

Тешко е да се поверува дека Милан навистина сака да го продаде 22-годишниот италијански репрезентативец, кој според „чизмата“ е легитимен наследник на легендарниот Андреа Пирло.

Наводно тренерот на Милан Стефано Пиоли би се согласил да остане без еден од главните столбови на тимот и момчето околу кое треба да се гради тимот во следната деценија, доколку на Сан Сиро пристигне понудата на „топчиите“ вредна над 55.000.000 евра.