Connect with us

Фудбал

Дали на повидок е сензационален трансфер, Нејмар во главна улога?!

Италијанскиот новинар Лука Момблано објави информација дека Јувентус е заинтересиран за Нејмар (30). Истата информација ја потврди и шпански Диарио Спорт. Наводно, ПСЖ нема да се противи на потенцијалното заминување на Бразилецот.

Пред неколку дена тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри разговараше со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, а една од темите била Нејмар.

Бразилецот е во ПСЖ од летото 2017 година, кога пристигна од Барселона за светски рекорд од 222 милиони евра. На Јувентус очајно му треба офанзивец од класата Нејмар, но прашање е дали италијанскиот клуб може да ги следи барањата на Нејмар. Јувентус заврши на четвртото место во последните две сезони и сака што поскоро да се врати на врвот во Серија А и европскиот фудбал.

Реклама

Facebook