Connect with us

Фудбал

Дали сепак ќе има компромис?

Лионел Меси не се откажа од напуштање на Барселона иако клубот не сака да го пушти да си замине.

Аргентинецот силно сака да замине, но вчерашните преговори не донесоа ништо ново, но се очекува да продолжат и денес.

„TyC Sports“ објави дека постои огромна можност Меси да игра следната сезона во дресот на Барселона, и дека на крајот ќе го напушти клубот како слободен агент.

Сепак, таквата опција сигурно не го задоволува клубот, а британски Телеграф има информации дека Меси сепак би можел да си замине.

Наводно, може да има компромис од обете страни. На Меси би му било дозволено да го напушти клубот, а беше утврдена цена од „само“ 100 милиони евра.

Секако е одлична можност за сите клубови да го донесат во своите редови. Сегашната цена од 700 милиони евра е едноставно превисока и невозможна за секого, а новата би го зголемила бројот на клубови кои можат да го ангажираат.

Продолжението на преговорите за заминување на аргентинската sвезда е закажано за денес и ќе видиме дали навистина е постигнат компромис.