Connect with us

Фудбал

Дали Сетиен останува тренер на Барселона? Претседателот на клубот ги отстрани сите дилеми

Во последните неколку недели шпанските медиуми гласно предупредуваат дека тренерот на каталонците, Кике Сетиен, ќе се збогува на крајот на сезоната.

Барселона скоро остана без титула бидејќи на две кола пред крајот во Ла Лига имаат четири бода помалку од водечкиот Реал Мадрид, а играта на Каталонците не е задоволителна во последно време.

Затоа, отказот на Сетиен на крајот на сезоната се споменуваше сè повеќе и повеќе, но што вели претседателот за клубот, Жосеп Марија Бартомеу, за сето тоа?

„Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Тој има желба да продолжи да го предводи тимот и наша обврска е да се придржуваме до договорот што го потпишавме“, рече Бартомеу.

Сетиен го замени Ернесто Валверде во јануари, но навивачите дефинитивно не се задоволни што тој моментно е на клупата на Барселона.

Медиумите во Шпанија сметаат дека Сетиен ќе замине по крајот на сезоната, а како кандидати за неговиот наследник се споменуваат Чави, Роналд Коеман, Маурисио Почетино, Роберто Мартинез и Хавиер Гарсија Пимиента.