Connect with us

Фудбал

Дали зборовите на Фабрегас ќе го уверат Азар дека треба да остане?

Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Сеск Фабрегас со сета сила се обидува да во увери својот соиграч Еден Азар дека треба да остане во Челзи.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар е доста близу до договор со Реал Мадрид и дека наскоро би требало да биде претставен во Мадрид, а Фабрегас ја користи последната шанса да го задрши во Лондон.

„Нема да лажам, често зборувам со него. Тој е најдобар играч во нашата екипа и нашиот клуб сака да ги задржи најдобрите играчи. Тој знае дека навивачите го сакаат и дека е играч со кој ние сакаме да играме. Сигурно дека сакаме да остане“, кажа Фабрегас.

Покрај Реал за Азар интерес покажува и Барселона, но како што стојат работите тој сигурно ќе заврши на „Сантијаго Бернабе“.

Инаку Азар зад себе има одлично одигран Мундијал на кој беше кандидат за најдобар фудбалер, но таа награда на крајот му припадна на Лука Модриќ.