Фудбал
Дали Златан ќе остане во Милан?
По толку многу шпекулации дека Ралф Рангник ќе го преземе Милан и дека тоа веројатно ќе ја чини работата на досегашниот прв тренер на тимот. И тогаш целосен „пресврт“ на Сан Сиро.
Потврдено е дека Стефано Пиоли ќе остане на чело на тимот следната сезона, а многу е веројатно дека договорот ќе трае до 2022 година.
Tuttosport денес пишува дека вестите за иднината на Пиоли им дадоа надеж на „росонерите“ дека можат да го задржат Златан Ибрахимовиќ, за кого досега се веруваше дека заминува.
Ибрахимовиќ пристигна во Милано во јануари, но се појавија информации дека тој не сака да ја продолжи соработката со Милан, незадоволен од насоката во која оди клубот. Ваквите информации се појавија додека траеа шпекулациите за Рангик и додека „шефот“ Иван Газидис ги правеше своите планови, ја оддалечуваше легендата од клубот.
По одличната серија што го врати Милан во игра, ситуацијата се смени и сакаат да го искористат фактот дека Пиоли останува на клупата во клубот за да го убедат Ибрахимовиќ да остане на Сан Сиро.
Се верува дека спортскиот директор Фредерик Масара наскоро, по официјалниот крај на сезоната, ќе оствари средба со 38-годишниот Швеѓанец со надеж дека ќе биде постигнат договор за неговиот престој во клубот.
Патем, Милан синоќа ја продолжи својата серија на добри резултати, совладувајќи го Сасуоло со 1:2, а двата гола за росонерите ги постигна Златан Ибрахимовиќ.