Фудбал
„Дамата“ го мерка Рамзи
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи.
Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а веќе е познато дека Рамзи нема да ја продолжи соработката со популарните „топчии“.
И покрај сериозниот интерес на „старата дама“, англиските медиуми се убедени дека Рамзи веќе постигнал договор за актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).