Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш го пропушта Мундијалот во Русија

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради повредата на коленото.

Иако според првичните проценки 35-годишниот фудбалер требаше да биде подготвен за Мундијалот, сепак, по новите прегледи утврдено е дека нема може да настапи во Русија.

Алвеш, кој е член на ПСЖ, се повреди во финалето на францускиот куп.

Тој има 107 настапи за Бразил, кој е во група со Србија, Костарика и Швајцарија.