Connect with us

Кошарка

Даскаловски поднесе оставка по поразот од Фени Индустри

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од тренерската позиција во Карпош Соколи.

Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам се најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа, изјави Даскаловски за клупската веб страница.

Екипата на утрешниот меч од ФИБА Еврокупот против Фалкон ќе ја води досегашниот помошник, Ангел Тасевски.