Connect with us

Фудбал

Давид Де Хеа подготвен да го продолжи договорот со Јунајтед, но под еден услов

Давид Де Хеа наводно е подготвен да го потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, но само доколку има плата од 35о илјади евра седмично.

Одличниот Шпанец има уште 18 месеци од договорот, но во Јунајтед очајно сакаа тој што побрзо да потпише нов договор со нивната екипа.

Наводно позитивни работи се случиле минатата недела. Поранешниот голман на Атлетико Мадрид нема ништо против да остане во Јунајтед, но единствениот услов кој го постави е високата плата.

Моментално најплатен играч на Јунајтед е Алексис Санчез кој има околу 400 илјади евра неделна плата.

Де Хеа, кој во Јунајтед стигна од Атлетикмо Мадрид во 2011. година, забележа 346 настапи за „Црвените ѓаволи“.