Connect with us

Фудбал

Давид Оспина нема да се врати во Лондон

Наполи го реши прашањето за голман за следната сезона.

Давид Оспина и во претходната сезона бранеше за Наполи како позајмен игра од Арсенал и откако се покажа добро, доби шанса да остане во Наполи.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи одлучи за четири милиони евра да го откупи договорот на искусниот колумбиски голман.

Наполи се обиде да ја спушти цената на 2,5 милиони евра, но Топчиите“ не сакаа да го пуштат за помалку од четири милиони евра, па на крајот беше постигнат договор.

Оспина бранеше на 17 натпревари за Наполи во минатата сезона, а моментално настапува на Копа Америка со Колумбија. Синоќа токму тој беше на голот во победата над Аргентина со 2:0.