Фудбал
Давид Силва е пред потпис за тим кој се врати во Лигата на шампионите по 13 години
Давид Силва го напушти Манчестер Сити по десет години и е слободен да избере нов клуб.
Според наводите од Шпанија, Силва би можел да продолжи да игра во ЛШ следната сезона за тимот што се врати во елитното натпреварување по 13 години.
Имено, искусниот 34-годишен играч од средниот ред е во преговори со Лацио, тим кој има зад себе многу добра сезона во Серија А и ќе игра во елитното натпреварување за прв пат од 2007 година.
Легендарниот репрезентативец на шпанската репрезентација е исто така голема желба на Симоне Инзаги, а како што пренесува угледниот АС, Силва нема ништо против новото играње во дресот на „небесно-сините“, овој пат со Лацио.
Силва доби повеќе понуди од Дубаи, од Ал-Алхи и Ал Наср, но тој повеќе би сакал да остане во Европа затоа што верува дека сепак може да игра на врвно ниво.