Connect with us

Фудбал

Де Брујн го најави трансферот со одобрение на сопругата: Сака егзотични авантури, а таму можат многу да заработат

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кевин Де Брујн (32) најави заминување од Манчестер Сити, со кого актуелниот договор му истекува на крајот на следната сезона, односно летото 2025 година. Де Брујн зборуваше за напуштањето на „Етихад“ во интервју за белгиски „ХЛН“, каде што рече дека нема ништо против да игра во Саудиска Арабија бидејќи таму може да заработи „неверојатна сума пари“.

Како што рече, неговата сопруга Мишел Лакроа нема ништо против да оди во Саудиска Арабија и таа го одобри.

“Мишел сака егзотични авантури и одењето во Саудиска Арабија за неа е ок. Морам да размислувам за мојата иднина”, изјави Де Брујн за HLN.

„На моја возраст морам да бидам отворен за сите опции вклучувајќи ја и Саудиска Арабија. Зборуваме за неверојатни суми пари на крајот од мојата кариера и треба да размислите за тоа. Ако играв две години во Саудиска Арабија, би заработил многу, а пред тоа морав да играм фудбал 15 години и можеби се уште не сум ја достигнал таа бројка“, додаде Де Брујн.

Де Брујн е член на Манчестер Сити од 2015 година кога пристигна од Волфсбург за 76 милиони евра. Оттогаш има 382 настапи во дресот на Граѓан, постигнувајќи 102 гола и уште 170 асистенции.