Connect with us

Фудбал

Де Брујн смета дека знае колку голови ќе постигне Халанд во својата прва сезона во Премиер лигата

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн, го пофали Ерлинг Халанд, со кого следната сезона ќе ја дели соблекувалната.

Минатиот месец на „Етихад“ ја активираа ослободителната клаузула во договорот со Халанд, па добија еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и играч роден за големи работи.

Халанд, кој постигна 86 гола за Дортмунд на само 89 настапи во сите натпреварувања, ќе биде многу добар за Сити, а Кевин де Брујн верува дека уште во првата сезона ќе покаже сила и голгетерски способности.

„Ерлинг Халанд е врвен напаѓач. Неговото доаѓање треба да ни помогне да растеме како тим. Сите очекуваат многу. Тие секогаш барале број девет, но мислам дека би било добро да го има тој напаѓач кој може да постигне 20-25 гола po сезона“.

Белгиецот исто така смета дека доаѓањето на 21-годишниот Норвежанец ќе му помогне да ги подобри сопствените перформанси и да го зголеми бројот на асистенции.

„Можеби и мене ќе ми помогне неговиот трансфер. Имаше години кога имав повеќе асистенции (од оваа сезона). Но, моите можности за создавање и други работи останаа конзистентни. Бројките се дел од фудбалот, но никогаш не ви ја кажуваат целата приказна“, додаде Де Брујн.

Првенствено со лажа деветка, тимот на Пеп Гвардиола постигна 99 гола во сезоната 2021-2022 во Премиер лигата. Со Халанд во водство лесно можеа да ја поминат границата од 100 гола.

Не треба да се заборави дека Сити го има и талентираниот Аргентинец Хулијан Алварез, кој беше купен на почетокот на годината, но до летово беше оставен на позајмица на Ривер. Сезонава во Аргентина постигна 14 гола на 17 натпревари.