Фудбал
Де Јонг откри дали Меси е сè уште член на групата на WhatsApp во која се сите играчи на Барселона
Познато е дека играчите на скоро секој клуб користат група на WhatsApp или Viber, така што и фудбалерите на Барселона имаат една.
Обично во групата се додаваат и новите членови на клубот, но оние што заминуваат од клубот воглавно ја напуштаат групата. Па така, Френки де Јонг, младиот играч за врска на Барселона, беше запрашан дали Лионел Меси е сè уште член на групата на „WhatsApp“ во која се сите фудбалери на Каталонците?
„Да, Меси е сè уште таму, но тој е прилично смирен во групата“, рече Холанѓанецот.
Значи, во Барселона владее мир и тишина и никој сè уште не знае дали Аргентинецот ќе остане во клубот и следната сезона откако минатата недела побара раскин на договорот.
Тој е сè уште член на Барселона, и по договор, така што сè уште е член и на групата на „WhatsApp“, но многу лесно може да се случи да ги поздрави сите соиграчи и да ја напушти групата и да се приклучи на групата со играчите на Манчестер Сити или ПСЖ.
? Frenkie de Jong laat weten dat de FC Barcelona-groepsaspp rustig is en Messi er nog in zit. pic.twitter.com/0rcqe9sLA7
— FOX Sports (@FOXSportsnl) September 1, 2020