Connect with us

Фудбал

Де Лигт: Се чувствував непобедливо во Ајакс, но сега …

Фудбалерот на Јувентус, Матијас де Лигт, зборуваше за тешкотиите со кои се соочува во италијанскиот клуб.

„Јас сè уште не сум во најдобра форма, но ќе го постигнам тоа со играње“, рече 20-годишниот играч по победата од 2:1 на Холандија над Белорусија во квалификациите за Евро 2020.

“Единствено што можам да направам е да работам и да учам од моите соиграчи. Во Ајакс, се чувствував непобедливо, но сега не толку многу”.

“Сега имам помалку доверба во себе од минатата сезона. Во Јувентус сето тоа е ново, но од ден на ден станувам подобар”.