Connect with us

Фудбал

Де Лигт со оправдување – открива зошто страда во Јувентус

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лигт, тешко му оди да се прилагоди во италијанскиот состав, бидејќи холандскиот фудбал многу се разликува од италијанскиот.

Младиот фудбалер во разговор за „Туто спорт“ признава дека е среќен што ја избрал „Старата дама“.

„Има многу промени, но сè оди добро. Јас сум многу среќен со изборот што го направив за потпишување на Јувентус“. Учам италијански. Има многу варијации на мојот јазик, исто како италијанскиот фудбал. Јас сум многу среќен што имав задоволство да играм со Кристијано Роналдо и Виргил ван Дијк”, изјави Де Лигт.