Connect with us

Фудбал

Де Роси: Се уште не се пензионирам

Капитенот на Рим, Даниеле Де Роси, ќе игра најмалку уште една сезона во својата кариера.

Иако призна дека пред почетокот на оваа сезоната размислуваше за повлекување од фудбалот по завршувањето на сезоната, Де Роси во последните интервју рече дека тоа веќе не е опција.

„Задоволен од тоа како поминаа претходните две сезони, и кога ќе погледнам назад, тоа ме прави среќен. Отпрвин си реков дека можеби е време да се пензионирам, но повеќе на размислувам за тоа“, рече Де Роси.

Искусниот Италијанец, кој ова лето ќе го прослави својот 35 роденден, додаде дека во одлуката да го одложи пензионирањето му помогнал и тренерот на Рома Еузебио Ди Франческо.

Даниеле Де Роси оваа сезона одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола, од кои една против Барселона во клучниот натпревар на Олимпико (3:0).