Connect with us

Фудбал

Дебакл на Борусија во Дортмунд!

Баер Леверкузен ја победи Борусија Дортмунд со 5:2 (3:1) во дербито од 21.коло на Бундес лигата. Борусија заостанува девет бода зад првопласираниот Баерн, додека Баер е трет со 38 бодови, пет помалку од Дортмунд.

Смисленото и ефикасно прво полувреме ни го донесе првиот гол во 11. минута. По високиот притисок гостите, Загаду направи голема грешка, а Аканџи немаше среќа во продолжението од акцијата и си постигна автогол.

Сепак, Борусија, која играше без Ерлинг Холанд, имаше брз одговор во 16. минута – по центаршут од десната страна, Мену со глава ја испрати топката во мрежата. Поточно, така изгледаше на почетокот, но всушност тоа беше автогол на Фримпонг.

До крајот на полувремето гостите од Леверкузен постигнаа уште два гола, а првиот во 20. минута. Брза и ефикасна контра во која Белараби беше асистент, а Вирц рутина на крајот.

Осум минути подоцна Шик изнуди прекршок на работ на шеснаесетникот од десната страна, а голот го постигна Роберт Андрих.

Гостите ја запечатија судбината на Борусија во 53. минута – по корнер и гужва, топката одлично падна на Џонатан Тау, кој ја испрати во горниот десен агол.

Потоа Борусија напаѓаше, но безидејно, со шансите на Рејн и Белингем, но само во доцната фаза од натпреварот кога се беше решено.

Во финишот сепак видовме уште два гола. Уште една маестрална контра на голот на Баер за Диаби во 87. минута, а потоа и на Тигес во 91.

Следната сабота Баер го пречекува Штутгарт, а Борусија го посетува Унион Берлин ден подоцна.