Фудбал
Дебакл на Лацио среде Рим (ВИДЕО)
Лацио очекуваше нова победа, но заморот си го направи своето. Беше 3 септември кога тимот од Рим последен пат прими гол во Серија А, а дојде моментот да примат дури 3 на домашен терен.
Салернитана победи со 1:3 (1:0) по голем пресврт. Лацио кој стартуваше без Сергеј Милинковиќ-Савиќ поведе по одлична акција, Луис Алберто фантастично го пронајде Закањи кој рутински го совлада противничкиот голман за 1:0. Се играше 41. минута.
На почетокот на вториот дел од играта гостите успеаја да го израмнат резултатот. Мацоки ја најде Кандрева, а овој лоб го совлада Проведел.
Целосен пресврт беше виден во 68. минута, по нафрлување од десната страна, топката стигна до Федерико Фацио кој шутира и погодува.
На домашните не им помогна ниту влегувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Брадариќ мина по левата страна, упати центаршут по земја, а Дија беше на вистинското место, за разлика од голманот на домашниот тим, па ќе биде конечни 1:3.