Connect with us

Фудбал

Дефанзивец на Аталанта: Мојата девојка се врати во Србија да произведува заштитни маски

Дефанзивецот на Аталанта од Бергамо, регион кој е најпогоден со Ковид-19 во Италија, Берат Џимсити, Швајцарец со албанско потекло, одлучил да остане во градот.

Но, неговата вереница Алиса одлучила да се врати во Србија.

-Таа дојде на идеја, гледајќи што се случува во Бергамо, бидејќи виде голем број на луѓе кои бараат маски кои не можат да се најдат. Затоа се врати во Србија и почна да произведува маски. Таа ги дели бесплатно на оние кои не можат да купат, изјави фудбалерот.

Манекенката од Србија Алиса Менковиќ и Берат се запознале во Швајцарија. Лошите односи помеѓу двете заедници не влијаеле на нивната врска.