Connect with us

Фудбал

Дефанзивецот одбил 25.000 евра за да му ги „олесни работите“ на напаѓачот

Голем скандал го тресе португалскиот фудбал во кој главната улога ја има поранешниот член на Спортинг, Гонкало Родригес.

Родригес ја имаше улогата на помошник на управата на Спортинг, но очигледно вршеше валкана работа за клубот.

Така во 2017 година на член на Чавез, Леандре Фреире му понуди 25.000 евра за да му олесни на напаѓачот Бас Дост во првенствениот меч, а потоа и Купот кој се играше неколку дена подоцна.

Родригес преку посредниците Жоао Гонкалвес и Пол Силва вети дека ќе ја плати оваа цифра доколку Фреир не се потруди премногу на овие натпревари да го запре напаѓачот на Спортинг.

Овој дефанзивец ја одби понудата. Тој не сакаше да му олесни на противникот, а сето тоа заврши на суд, каде обвинетата тројка се најде под обвинение дека се обидела да го намести натпреварот.

На првенствениот натпревар одигран на 14 јануари 2017 година, Бас Дост постигна два гола. Натпреварот заврши со резултат 2:2, а три дена подоцна во Купот натпреварот не донесе голови (0:0).