Фудбал
Дефанзивецот претставен во Мадрид: Ме барашe и Барселона, ама…
На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ денеска беше претставен новиот стопер на Реал Мадрид, Антонио Ридигер.
Германскиот репрезентативец како слободен играч дојде во редовите на актуелниот европски првак по истекот на договорот со лондонски Челзи.
Искусниот дефанзивец денеска ги заврши лекарските прегледи и се обврза на верност кон Реал до летото 2026 година. На неговата промоција беше присутен и првиот човек на Мадрид, Флорентино Перез.
– Точно е дека имаше интерес од Барселона и ми се јавија. Имав повик од нив, но јас имав само една порака за мојот брат кој е и мој агент. Сакав да одам само во Реал Мадрид, му реков дека ќе биде Реал и ништо друго.
29-годишниот сакаше да го земе дресот со број два, но тој е во сопственост на Дани Карвахал, па Германецот зеде два двојки, па ќе го носи белиот дрес на „кралскиот“ клуб со број 22.
Германскиот репрезентативец последните пет години ги мина во Челзи, со кој беше европски првак во 2021 година, а претходно играше за Рома и Штутгарт.
Antonio Rudiger is Real Madrid's new No.22 🤝 pic.twitter.com/wHHRcLJ77e
— GOAL (@goal) June 20, 2022