Connect with us

Фудбал

Дел Пјеро: Џеко е добар, дури и подобар од Лукаку

Екипата на Интер стигна до првиот триумф сезонава во Лигата на шампионите против Шериф.

Нероаѕурите славеа со 3:1, а одличен гол постигна Един Џеко, со што ја продолжи голгетерската серија во дресот на Интер, а покрај голот, одигра и одличен натпревар, ги разигра своите соиграчи, а имаше и неколку повеќе добри можности.

Натпреварот на Интер за „Скај Спорт“ го коментираше и легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро, кој ја искористи можноста да ги коментира игрите на Џеко во Интер.

“Интер немаше среќа во првите два натпревари од Лигата на шампионите, но мислам дека ќе биде добро сега по триумфот против Шериф. Тие се тим со многу потенцијал”, рече Дел Пјеро, а потоа додаде:

Сите мислеа дека заминувањето на Лукаку ќе биде голем хендикеп за Интер, но сега го има Џеко кој е дури и подобар од Белгиецот по бројот на голови, дури и ако земе предвид дека не изведува пенали“. 

Един Џеко оваа сезона за Интер одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и запиша три асистенции, додека Ромелу Лукаку исто така одигра 11 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, но постигна четири гола со една асистенција.

Инаку, напаѓачот со одлична игра не остави никого рамнодушен, па ни Естебан Камбијас, легендарниот Аргентинец и некогаш фантастичен играч за врска кој во 2010 година ја освои тројната круна со Интер.

Во коментар на натпреварот и за „Скај Спорт“ Камбијасо рече дека Џеко со своите изведби не прави никој повеќе да го памети Лукаку.

“Џеко повторно постигна гол. Изгледа дека никој повеќе не се сеќава на Лукаку. Не само поради головите, туку и поради неговата игра. Иако треба да чекаме до крајот на сезоната со споредба”, изјави Камбијасо.

Реклама

Facebook

Реклама