Фудбал
Дел Пјеро не го штеди Јувентус: Играта против Рома беше погрешна цели 60 минути
Алесандро дел Пјеро, поранешна црно-бела икона, го анализираше изедначувањето помеѓу Рома и Јувентус, притоа критикувајќи некои фудбалери на Јуве, но застана во одбрана на Андреа Пирло.
„Не ми се допадна многу Јувентус во првото полувреме, во првите 60 минути, во меѓувреме се одеше многу подобро по црвениот. Повеќе ми се допадна играта на Рома“, рече Дел Пјеро и продолжи:
„Пирло? Сега е почеток на сезоната, кога има промена, тоа носи нова енергија, ентузијазам. Јасно е дека тој има длабоки односи со некои играчи и тренерот ги познава многу добро, ова е аспект што верувам дека ќе биде важен за Јувентус оваа година”.
„Во моментот кога ќе дојдат потешкотиите, ќе видиме. И тоа е една од причините што реков дека повеќе ми се допаѓаше во второто полувреме, бидејќи со играч помалку и со негатива од еден гол, беше по покриен, поопасен и покомпактен отколку кога беше со 11 играчи, каде се одвиваше во тешкотија“.
„Имаше промена во менталниот пристап, играчите треба да совладаат некои концепти. За 60 минути видов малку проширен тим и Рома можеше да ги пронајде играчите помеѓу редовите на Јуве“.